еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пожарот во Мариово тежок за гаснење, ситуацијата е критична

Пожарот во прилепско Мариово е најголем, најкомплициран и најтежок за гаснење, оцени директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

Ситуацијата е критична, бидејќи е зафатена површина од околу 16.000 хектари, а периметарот на огнената линија изнесува 110 километри.

На овој пожар утрово биле упатени 100 припадници на Армијата, 25 припадници на специјалната полициска едница „Тигар“, триесетина вработени во „Национални шуми“, како и два тима на Дирекцијата за заштита и спасување со повеќе од 25 лица.

Во гаснењето на пожарот помогнал и еден „ер-трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување, додека останатите два, биле неисправни и не се во состојба да летаат. Истото се случува и со полициските хеликоптери.

„Оптимисти сме дека во текот на утрешниот ден големиот полициски хеликоптер ќе биде функционален и ќе можеме да го користиме. Има најави од УХМР за можен дожд на територијата на Мариово и прилепската околина, но засега овие прогнози не се остваруваат,“ вели Ангелов.

Фото: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стевчо Јакимовски останува во куќен притвор

Редакција

Судење за „Тврдина 2“: Црни вреќи со хартија и регистри од третата зграда во МВР запалени на „Брест“

Редакција

Објавен трејлерот за македонскиот филм „Преекспонирано“ кој наскоро ќе се најде во кината

Редакција