еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Помилуваниот член на “Барон“ од Сиљановска Давкова уапсен за обид за убиство

Членот на криминалната скопска група “Барон“, Акиф Бејадин Равманоски од Арачиново или попознат како Акиф Јусуфи, откако пред некој ден беше помилуван од македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, денеска е уапсен за обид за убиство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Помилуваниот член на криминалната група „Барон“ јавно и се заблагодари на Сиљановска Давкова

29-годишниот Равманоски, како што информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР), е уапсен за пукањето во скопски Чаир на 14. октомври годинава, за што веќе се водеше истрага.

Тој со огнено оружје го ранил Е.А. (35) од Скопје, а МВР му поднесе кривична пријава по брза постапка за кривичното дело „убиство“.

Детали за апсењето соопштија и од Јавното обвинителство.

-Вештачењата за присуство на барутни честички кои беа извршени по наредба на јавниот обвинител ги потврдија првичните сознанија дека сега осомничениот со огнено оружје – пиштол испукал неколку истрели во правец на оштетениот со умисла да го лиши од живот и му нанел прострелна рана во пределот на ногата, велат од таму и информираа дека за него е побаран притвор.

Со одлуката на претседателката затворската казна на Равманоски беше заменета со условна осуда на 1 година и 3 месеци, а беше осуден за недозволено поседување оружје кое било нелегално.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој сѐ помилува претседателката Сиљановска Давкова

Меѓу помилуваните од Сиљановска Давкова и осуденик кој барал Уставен да го укине СЈО

Сиљановска Давкова откако се објави кој е помилуван видела дека некои од помилуваните се “навистина интересни во негативна смисла“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трајко Вељаноски ќе сведочи за „27 април“

Редакција

Продолжува судењето за „Титаник“

Редакција

Поплаките на Бугарија се „приказни за мали деца“, Македонија не е виновна, вели Вучиќ

Редакција