еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Попусти до 70% на Late Night Shopping во Diamond Mall

Шопинг и забава во доцните вечерни часови на 19 и 20 јули во Diamond Mall, информираат од таму. Посетителите ќе можат да ги искористат атрактивните попусти, кои се движат и до 70 проценти, како и да уживаат во специјалната понуда на храна и пијалаци во рестораните и кафулињата во Gourmet Avenue.

За време на дводневниот Late Night Shopping продавниците ќе работат до 23 часот, а во петок, на 19 јули, има и дополнителна причина за посета. Тоа е настапот на бендот Поп Арт во Gourmet Avenue, кој ќе започне во 21 часот.

На ваков начин Diamond Mall им овозможува на посетителите да уживаат во несекојдневни искуства и им нуди одлично шопинг доживување, со ексклузивни попусти и понуда, како и со можност да се забавуваат со музика и уникатна храна во Gourmet Avenue, велат од таму.

Трговскиот центар Diamond Mall се базира на уникатен концепт кој обединува богата понуда на привлечни брендови, можности за уникатно гастрономско искуство во Gourmet Avenue, како и првиот и најголем центар за забава и едукација Dream Zone, наменет за деца од сите возрасти, посочуваат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицијата ќе врши проверки во приватни куќи каде се организираат забави и собири

Редакција

Ковид-19 ги „кутна“ нафтените компании од Македонската берза, но ќе преживеат

Редакција

Медицинските сестри, ветеринарните хирурзи, акушерките и фармацевтите ќе имаат признаени дипломи во земјите од Западен Балкан

Редакција