Луна Поп-Костова е родена со асфикција на мозокот и се здобива со дијагноза спастична церебрална кватриплегија G-80.9. Во последните две години се бореше со сколиоза од 124° искривеност.
„Поради влошување на нејзината здраствена состојба итно е пренесена во Истанбул во клиниката Аџибадем каде што и беа направени две операции кои траеа 18 часа. За операцијата за сколиоза потребно е доплата од 9.000 евра за кои јас не сум во можност да ги обезбедам сама.З атоа добри луѓе ви се обраќам вам.
Датумот за доплата е до 14.01.2024. Поради големото искривување Луна се здоби и со деформитети на рацете и нозете кои ќе треба повторно да се оперира за 6 месеци. Сумата е 65.400 евра. Луна веќе самостојно седи и дише.
Ни преостанаа уште две битки и доколку успеам да ги соберам сретствата таа ќе може да оди како и сите нас. Нејзина желба е да застане на нозе. Би ви била благодарна доколку и ја оствариме желбата.
Секое дете на овој свет заслужува нормален живот,“ вели нејзината самохрана мајка на пет деца.
Сметките за донации, се во рамките на прилогот: