еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

По дојавите за бомби, МОН со препорака до училиштата

Апелираме до наставниците и другите вработени во училиштата за комуникација да ги користат исклучиво службените електронски адреси кои се креирани од Министерството за образование и наука (МОН), и со двојна автентикација.

Препорачуваме секаде во учичиштата согласно можностите, да биде ангажирано физичко обезбедување и да се постави видео надзор. Самите училишта да бидат претпазливи кој и како влегува во објектите, изјави министерката за образование Весна Jаневска на денешната прес-конференција, по денешните дојави за бомби во училишта низ целата земја.

„По дојавите за поставување на експлозивни направи во основните и средни уличишта низ државата, утрово во координација со повеќе институции формиравме меѓуресорска група за поефикасно справување со ситуацијата и секако преземање на мерки за одржување на безбедноста во училишните објекти на соодветно ниво,“ изјави Јаневска.

Таа потсети дека во случај на дојава за бомби, училиштата треба веднаш да пријават во Министерството за внатрешни работи и да ги следат упатствата и протоколите кои ќе ги добијат од стручните лица од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лажни се дојавите за бомби во училиштата, велат од МВР

Дојави за бомби во училишта во Скопје, Кочани, Штип…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прекршочни мерки за гинеколог, доктор и Битолската болница за случајот со починатото новороденче

Редакција

Уапсен осомничен за помагање во убиството во „Шиша бар“ во Старата скопска чаршија

Редакција

Уште шест месеци Филипче ќе има лично обезбедување, иако не е повеќе министер

Редакција