Несудената конзулантка во Њујорк, САД, поранешната телевизиска презентерка Бесмира Ејупи, ќе води дипломатија во македонскиот Конзулат во Бон, Германија.
Министерот за надворешни работи во заминување, Бујар Османи ја праќа таму на една година, оти имало зголемен обем на работа поради тоа што македонската дијаспора патувала дома преку лето и нејзиното испраќање таму било поврзано со олеснување на издавањето на документи на шалтерите на конзуларните претставништва, велат од Министерството за надворешни работи.
Дел од медиумите објавија дека таа уште денеска ќе добиела дипломатски пасош. Одлуката Османи ја донел на 15. јуни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бесмира Ејупи добивала хонорар и од Железници
“За Бесмира Македонија е Швајцарија“: Несудената конзулка хит на Твитер
Фото: Алсат М