По бурата од реакции во македонската јавност, но и надвор, за неупотребата на уставното име на државата, претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска изјави дека Преспанскиот договор е правен акт кој ќе го почитува, иако е критичар на неговата содржина.
„Впрочем и во самиот Преспански договор јасно стои дека во документите, во комуникацијата ќе се употребува името од Преспанскиот договор. Значи, јас не гледам тука дека е тоа повреда. Јас ниту ја искинав изјавата, ниту реков дека нема да го почитувам Уставот, ниту реков ќе го раскинувам Преспанскиот договор.
Едно е што јас сум го критикувала Преспанскиот договор, заради постапката на донесувањето, заради неусогласеноста со Повелбата на Обединетите Нации. Но, тоа е правен факт, тоа е реалност и јас ќе ја почитувам,“ изјави Силјановска Давкова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Венецот на спомен-плочата на Св.Кирил во Рим без името на државата
Фото: Кабинет на претседателката