Управата за јавни приходи (УЈП) го објави прометот на осумте најголеми трговски ланци во земјава на денот на бојкотот, но и ден претходно, како и минатиот петок.
„Во петок, 31.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 114.293.367 денари. Во четврток, 30.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 212.782.151 денари.
Во петок, 24.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 213.985.705 денари. Според споредбената анализа на податоците, во петок, 31.01.2025 година во однос на петок, 24.01.2025 година, во осумте поголеми ланци на маркети е забележан пад на вкупниот промет за 46.59%.
Во петок, 31.01.2025 година, во однос на четврток, 30.01.2025 година, во осумте поголеми ланци на маркети е забележан пад на вкупниот промет за 46.29%, се вели во соопштението од УЈП.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бојкот е успешен, како и што треба, велат вработени во маркетите
Фото: Unsplash