еМагазин
Image default
Бизнис

Промотивно во НЛБ Банка, НЛБ Супер депозити со атрактивни каматни стапки

Од денеска 15. јули, НЛБ Банка воведува нова, промотивна понуда за депозити за физички лица со атрактивни каматни стапки за штедни влогови во денари и во евра, информираат од таму.

Дизајнирана за сите оние кои сакаат да го максимизираат растот на своите средства, промотивната понуда на НЛБ Банка нуди конкурентни каматни стапки и сигурност на штедните влогови, велат од таму.

Промоцијата која се однесува на ново-склучени договори за штедење е со важност до крајот на септември и нуди СУПЕР депозитни продукти со фиксни каматни стапки и тоа: за депозити во денари – каматни стапки до 4%, и за депозити во евра –  каматни стапки до 3%, со рок на орочување до 25 месеци.

Отворањето на депозитна сметка во НЛБ Банка е брз и едноставен процес. Клиентите можат да ја посетат која било експозитура на Банката и да добијат персонализирана услуга и искусен тим на финансиски експерти кој ќе им помогне да ја изберат вистинската опција за депозит, посочуваат од таму.

Повеќе детали за промотивната понуда на НЛБ Банка може да се добијат во експозитурите на Банката, преку контакт центарот на телефонскиот број: 02/15 600 или на веб страницата на Банката, на линкот: НЛБ Супер депозит.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов генерален директор на Сава осигурување е Ило Ристовски

Редакција

Индустриското производство во првото полугодие со раст од 2,5%

Редакција

Топ 5 акции со најголем раст и пад на Македонската берза во март

Редакција