Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2024 година, изнесува 41.585 денари, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС)
Според податоците на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември 2024 година, во однос на септември 2023 година, изнесува 109.8.
Ваквото зголемување, како што велат од таму, се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (12.6 %), Преработувачка индустрија (11.7 %) и Уметност, забава и рекреација (11.4 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (5.8 %), Административни и помошни услужни дејности (5.0 %) и Преработувачка индустрија (2.8 %).