еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Разговорите за примирје и одржлив мир во Украина би можеле да почнат за неколку недели, најави Макрон по средбата со Трамп

Разговорите за примирје и одржлив мир во Украина би можеле да почнат за неколку недели, најави францускиот претседател Емануел Макрон по вчерашната средба со американскиот претседател Доналд Трамп, во Вашингтон, САД.

Макрон е првиот европски лидер кој се сретна со Трамп, а како што пренесуваат светските агенции, тој на средбата меѓудругото нагласил дека мирот не смее да значи предавање на Украина.

Во интервју за американската телевизија „Фокс њуз“, Макрон рече дека разговарал со 30 други европски лидери и сојузници и повеќето од нив биле спремни да бидат дел од безбедносните гаранции за Украина.

„Работам со британскиот премиер Кир Стармер на предлог за испраќање мировни трупи во Украина“, рече Макрон, иако Русија е децидна дека нема да прифати војски на НАТО на територијата на Украина.

Стрармер исто така деновиве ќе се сретне со Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Минерали како гаранција за помошта што САД и ја дава на Украина, побара Трамп

Според Макрон, најдобриот начин да се обезбеди американска посветеност кон украинскиот суверенитет е договор за ретки минерали, за кој моментално преговараат САД и Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И ЕУ сака од „критичните суровини“ на Украина

Фото: Украинско МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Срам да ви е! Кај што не лечат со последни сили, па и ќе ги напаѓате лекарите

Редакција

(Видео) На Грција и се случува Србија, нови масовни протести за железничката несреќа кај Темпи

Редакција

Од Комората на извршители велат дека новинарот Салиу ја попречил работата на извршителката Јакимовска

Редакција