еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност!

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) упати голема благодарност до сите кои безрезервно дадоа подршка на машката македонска сениорска репрезентација во спортскиот центар „Борис Трајковски“, за победата против селекцијата на Фарски Острови, дополнително благодарност и до сите останати кои го следеа натпреварот и ги бодреа нашите ракометари пред малите екрани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија се пласираше на Светското ракометно првенство

“Во рамките на своите програмски определби, Ракометната федерација на Македонија како приоритет број 1 ги има промоцијата и унапредувањето на македонскиот ракометен спорт во меѓународни рамки.

Во текот на репрезентативните квалификациски циклуси/баражи и утврдени натпреварувачки системи од EHF/IHF во машка и во женска конкуренција за сите возрасни категории, националните селекции обезбедија учество на следните завршни турнири на континентално и на мундијално ниво: женска сениорска ракометна репрезентација, Women’s EHF Euro 2024 (AUT/HUN/SUI), 28.11.2024-15.12.2024 година, машка сениорска ракометна репрезентација, IHF Men’s World Championship 2025 (CRO/DEN/NOR)14.01.2025 – 02.02.2025 година, женска младинска ракометна репрезентација, IHF Women’s junior world championship 2024 (MKD), 19.06.2024-30.06.2024 година, машка младинска ракометна репрезентација, Men’s 20 EHF Euro 2024 (SLO), 10.07.2024- 21.07.2024 година, машка кадетска ракометна репрезентација, Men’s 18 EHF Euro 2024 (MNE)07.08.2024- 18.08.2024 година.

Честитки до сите ракометари и ракометарки, и до членовите на стручните штабови на сите македонски ракометни селекции !

Вие сте наша гордост !!!“, велат од таму.

Фото: Фејсбук/РФМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Носат ли промената на името и двојазичноста нов бран тежок македонски и албански национализам?

Редакција

173 лица од заболените со коронавирусот во Македонија без симптоми

Редакција

Вкупно 1.506 заболени од коронавирусот: Потврдени 15 нови случаи, од кои половината во Куманово

Редакција