Соединетите Американски Држави, во изминатите 32 години, издвоија речиси 500 милиони долари за владеење на правото и добро владеење во Македонија, а гледаме епидемија на корупција во земјата, информираше американската амбасадорка Анџела Агелер.
„Корупцијата е во секој сектор, секоја организација, и само со именување на корумпираните актери ние можеме да почнеме да ѝ помагаме на оваа земја да се справи со тоа“, вели таа.
Таа додаде дека „црната листа“ на САД е обид да им се помогне на македонските власти да почнат да се справуваат со проблемите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„30 предмети поврзани со Мерко, ниедно судење, ниедна пресуда“: Твитер реакции
Изненадувачки за неа е фактот што по објавување на име на „црната листа“ како што на пример тоа бил струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, ниту еден македонски правосуден орган или институција не се обратила до нивни колеги во САД да побараат споделување на доказите, со цел да се отвори постапка и во земјава за лицата кои се на листата.
Во однос на случајот со бизнисменот и поранешен вицепремиер за економски прашања, Кочо Анѓушев, кој најави обжалување на одлуката, таа вели дека за него имаат цврсти докази.
„Кога велиме дека некој е корумпиран, 100 проценти сме сигурни во тоа. Не ставаме луѓе на црна листа врз основа на сомнежи или на чувства“, вели таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Анѓушев: Нема никаква основа за ограничувањето на мојот влез во САД, одлуката ќе ја обжалам
Фото: УСАИД