еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Самитот на ОБСЕ во Скопје ни покажа колку ни е голема администрацијата

Деновиве поради министерскиот Самит на ОБСЕ, кој се одржа во Скопје, градот беше речиси празен, а сообраќајот поради затворање на неколку улици, но пред се поради тоа што администрацијата не работеше, беше релексиран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што е ОБСЕ

Самитот ни потврди колку сериозен проблем имаме со гломазната и голема администрација, во која работат над 129 илјади граѓани, најмногу во Скопје.

Исто така ни покажа дека е непотребно, како што коментираат граѓани на социјалните мрежи, сите можни институции да бидат на едно место, во Скопје.

Да потсетиме дека еден од најголемите загадувачи во Скопје се токму автомобилите, што се потврди со неколку истражувања.

За намалување на администрацијата, кое е барање и на Европската Унија, но и на бројни меѓународни финансиски институции во Македонија се зборува и ветува со години, ама на крај наместо нејзино намалување, има нејзино зголемување.

И тоа исклучиво на партиски кадри, за кои државата, односно граѓаните, трошат милиони денари за да им се обезбеди плата.

Илјадници дури не ни одеа на работа, а земаа плата. Тие пак што одат на работа, отценете сами колку си ја вршат работата.

Слушнавте од некоја од партите кои одамна влегоа во изборна кампања за избори за кои се уште не е утврден датумот, дека ќе ја намалат администрацијата? Не. Нормално.

Да има како тие сите свои партиски послушници би си ги вработеле. Кој друг би гласал за нив.

Ама затоа секојдневно не трујат со работи, кои лесно може да предизвикаат меѓуетнички тензии. Оти само тоа знаат. Да рушат, да крадат, а не градат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Како изгледа салата во која се одржува Самитот на ОБСЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влада: Пристигна предлог од француското претседателство

Редакција

Москва ќе употреби нуклеарно оружје само ако е загрозена Русија, не поради Украина

Редакција

ЕУ загрижена дека измените во Кривичниот законик може да влијаат врз случаите на корупција на високо ниво

Редакција