еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Се бориме за професионалност, не за Македонци или Албанци, не за поединци, не за партии, вели Тасевски

Во врска со актуелните случувања во државното Друштво, Македонска навигација (М-НАВ) на Фејсбук се огласи претседателот на Струковиот синдикат на контролорите за летање (ССКЛ), Александар Тасевски.

-Во нашата борба за професионалност која што ја водиме подолго време, би ве замолил сите да се придржиме кон истите. Здравје за сите инволвирани, мир и разум при нашите реакции, љубов за сите искрени поддршки, и сплотеност за нас, и тие што се борат за истите причини.

Валканите игри, иако очекувани, ја отежнуваат нашата борба, но истотака и непромислените коментари и реакции кои иако во мал број, не ни одат во прилог. Ни мене, ни на ССКЛ како наше семејство. Би ве замолил, со мир, љубов и сплотеност, да не се расплиниме по етничка линија, нешто што некој друг се обидува да го направи, да не им помогнеме во намерата.

Се бориме за професионалност, не за Македонци или Албанци, не за поединци, не за партии!

Професионалци имаме, Македонци и Албанци. Некои невкусни коментари индиректно фрлаат дамка и врз нивната искрена работа и труд и нивната поддршка.

Ние успеавме да ја надминеме поделбата, затоа и успеваме. Тоа е тајната и за просперитетна држава во каква сите посакуваме да живееме, напиша тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осомничените може да избегат: Обвинителството образложи зошто бара притвор за насилниците кои упаднаа во М-НАВ

За судиите од Кривичен немало доволно докази за напаѓачите на Радарската кула, па затоа не им одредиле притвор

По техничари и контролори на летови во М-НАВ ќе поднесат оставки, најави Тасевски, кој беше повикан во полиција поради поплаки од директорите

Фото: А1Он

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тенизично и на денешното судење за несреќата кај Ласкарци, конечно сведочеше вештакот Зекири

Редакција

Дебарчанец почина од Ковид-19, досега вкупно 564 починати од вирусот

Редакција

Силјановска не седнала на „жешкото столче“ на „Телма“ поради набиена агенда

Редакција