еМагазин
Image default
Канцеларија ТОП СТОРИИ

Симболика поврзана со хартии од вредност во канцеларијата на Иван Штериев, првиот човек на Македонската берза

Она што прво ќе го приметите во канцеларијата на главниот извршен директор на Македонската берза, Иван Штериев, се неколкуте фигури со бикови.

За тие што не знаат бикот или тренд на бикот симболизира оптимизам на берзите и подобрување на економијата, што придонесува за раст на цената на акциите. Мечката пак (која ја нема во неговата канцеларија) го симболизира спротивното.

Петте бикови во неговата канцеларија се од различни страни на светот, а еден од нив е од познатиот светски бренд Сваровски, кој е и највредниот предмет таму, подарок од Централниот депозитар за хартии од вредност за 20 годишнината на Македонската берза, друг пак е од неговиот студиски престој во САД…, а има и стрес-бол бик.

Штериев на оваа позиција е неколку мандати, а во Македонска берза работи од нејзиното основање во 1996 година, па тоа и придонело да остави свој печат овде.

Се приметува дека е присутна темно кафевата боја, неговата омилена, која како што вели му дава сериозност и тежина на просторот.

„Како и дома не се мешам многу во уредувањето, но секогаш имам право на вето„, вели на шега тој.

Во канцеларија не доаѓа прв, но останува последен.

„Голем дел од денот, во времето на работењето и тргувањето на Берзата, го поминувам во состаноци, на телефон или Zoom, па дури некаде после 4 часот, имам помирно време. Што ќе рече, како и берзите имам своја „after-hours“ сесија, кога можам да бидам поинаку продуктувен“, вели тој.

Интересно е и дека канцеларијата е исполнета со бројни признанија и подароци од различни места во светот, а впечатливи се подароците од берзите во Оман и Истанбулската, со кои нашата берза членува во Федерацијата на евроазиски берзи.

Не чува многу лични работи, а еден од најинтересните предмети се „исецканите„ 10 илјади долари од Федералните резерви на САД.

Тука се и двата глобуси, кои симболизираат дека кога се во прашање парите и економијата, светот е глобално село, а ги чува и бројните акредитации од учеството на конференции ширум светот.

Сите стории од рубриката на еМагазин, Канцеларија, ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Ердоган пристигна во Србија: Српската традиција и протестот на таксистите главен декор за пречек

Редакција

Амнестија „кому иде“: Што да кажат затворените за кражба на ќебапчиња?

Редакција

Каков имот пријавил Алија Јаоски, новиот градоначалник на Пласница

Редакција