еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сите министри во новата Влада: Детален преглед

Новата македонска Влада ќе има 20 министерства (четири повеќе од претходниот состав) и 24 министри (вклучувајќи ги и тие без ресор).

Истата ќе ја сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, коалицијата „Вреди“ и ЗНАМ – За Наша Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Кои се министрите на ВМРО-ДПМНЕ во новата Влада: Мицкоски ги објави имињата

Кои се кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“

Во Владата ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ ќе имаат 15 членови, од кои тројца вицепремиери.

Министер за внатрешни работи ќе биде Панче Тошковски, кој на оваа функција беше и во техничката Влада.

Министер за надворешни работи и надворешна трговија ќе биде актуелниот градоначалник на Општина Аеродром и потпретседател на партијата, Тимчо Муцуски.

Министерката за финансии ќе биде Гордана Кочоска Димитриеска, која е потпретседателка на партијата.

Вицепремиер и министер за транспорт ќе биде уште еден потпретседател на партијата, Александар Николовски, пратеник од партијата во неколку мандати.

Министер за одбрана ќе биде Владо Мисајловски, потпретседател на партијата, пратеник и поранешен министер за транспорт и врски.

Министер за информатичко општество и дигитална трансформација ќе биде Стефан Андоновски, кој беше дел од техничката Влада, како дополнителен заменик министер во овој ресор.

Министер за локална самоуправа ќе биде поранешниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, Златко Пирински.

Во новото Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини министерка ќе биде Сања Божиновска, која е член на Извршниот комитет на партијата.

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе биде Цветан Трипуновски.

Министерката за образование и наука ќе биде Весна Јаневска.

Министер за култура и туризам ќе биде актерот Зоран Љутков.

Министер во новото Министерството за спорт ќе биде ракометарот Борко Ристовски.

Љупчо Димовски, претседателот на Соцјалистичката партија ќе биде вицепремиер и министер за политички систем, Иван Стоиљковиќ, претседателот на Демократската партија на Србите, вицепреиер за односи со заедниците, а Шабан Салиу ќе биде министер без ресор за интеграција и имплементација на декадата на Ромите.

Од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде и Генералниот секретар на Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Познати кандидатите на Беса за идни министри

Кои се кандидатите на „Вреди“

Коалицијата „Вреди“ (Алтернатива, Беса, Демократско движење, крилото на Арбен Таравари во Алијанса за Албанците) ќе има пет министерства и еден вицепремиер.

Министер за европски прашања ќе биде Орхан Муртезани од Алтернатива, поранешен директор во МЕПСО и Македонски железници – транспорт.

Министер за животна средина и вицепремиер ќе биде Изет Меџити, лидерот на Демократско движење.

Министер за социјална политика, демографија и млади ќе биде Фатмир Лимаи од Беса.

Министер за економија и труд ќе биде Бесар Дурмиши, исто така од Беса.

Министер за здравство пак ќе биде Таравари, кој веќе бил на таа функција.

Кои се кандидатите на ЗНАМ

ЗНАМ ќе има двајца министри.

Министер за правда ќе биде Игор Филков.

Министер за јавна администрација ќе биде Горан Минчев.

Списокот на членовите на новата влада во македонското Собрание ќе биде испратен утре, а истата се очекува да биде изгласана од 22 до 23, јуни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Познати кандидатите за министри на ЗНАМ

Орхан Муртезани кандидат на Алтернатива за министер, кои се кандидатите за заменици-министри

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Србија се размислува за трета доза на вакцина против Ковид-19

Редакција

Смена во МЕПСО: Кој е Орхан Муртезани од Алтернатива, кој треба да го наследи Куштрим Рамадани од ДУИ на директорското место

Редакција

(ВИДЕО) Среќен роденден, Тоше!

Редакција