еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сиљановска Давкова вели дека има план за односите со Грција

Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, која реши да не го употребува уставното име во јавни настапи, вели дека имала план со кој ќе ги убеди Грците дека има право да користи Македонија и дека има и правна поткрепа за тоа, освен што смета дека е тоа нејзино лично право.

Таа вчера од Охрид уште еднаш порача дека го почитува Преспанскиот договор и дека за разлика од други, го почитува меѓународното право.

„Се разбира дека имам план. Планот е градење добрососедски односи. Планот е нудење почит и барање самопочит. И мислам дека како што во политиката треба да се трага по уметноста на можното, ќе го направиме набрзо. Мојата прва изјава беше дека нема да одам по светот, дека сакам да се сретнам со соседите и мислам дека ќе го остварам тоа.

Се разбира за разговор се потребни сите околу вас и ние немаме друг избор освен да разговараме. Дијалогот е здрава работа и ако нема взаемна почит нема да има резултат. Политиката бара дијалог и јас сум спремна да трагам по тоа и взаемно да ги надминеме проблемите“, рече таа.

За предупредувањата од Грција дека не е исклучена можноста од покренување постапка пред Меѓународниот суд во Хаг за непочитувањето на Преспанскиот договор, претседателката рече дека тоа потсетува на претходните пресуди на истиот тој суд што не беа почитувани од Грција.

„Истиот тој меѓународен суд, каде ние бевме со Грција, пресуди во однос на кршењето на членот 11 од Привремената спогодба. Тоа е исто така меѓународен договор. Не верувам дека веднаш ќе се оди на суд.

Има градација во Преспанскиот договор. Прво се укажува, се разговара, се адресира прашањето до Обединетите нации, па потоа се оди на суд. Пресудите на судот треба да важат ерга омнес, но тоа не се случи во нашиот случај“, изјави Сиљановска Давкова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Предложив да пишува „РС Македонија“, вели Силјановска Давкова за венецот без името на државата кој го положи на гробот на Св. Кирил

Дали и тоа што не отворивме ни едно поглавје со ЕУ е отстапување од Договорот од Преспа, прашува претседателката Силјановска Давкова

Преспанскиот договор е реалност и ќе го почитувам, изјави Силјановска Давкова

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Во Украина од Македонија да се борат заминале 79 платеници, 21 загинале, тврди Русија

Редакција

Ганка Цветанова: Кажете и на Захариева дека во Македонија постои Бугарски културен центар

Редакција

„Вардарградба“ го доби тендерот на Општина Центар за реконструкција на улица „Орце Николов“ вреден 1,2 милиони евра

Редакција