Од Кабинетот на македонската претседателка, Гордана Сиљановска Давкова, информираа дека таа го потпишала указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, со кој бројот на министерствата се зголемува од 16 на 20.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
-Во прашање е закон што се носи со двотретинско мнозинство, којшто претседателот, согласно членот 75, став (4) е должен да го потпише, односно на кој нема право да стави вето.
Законот е реформски и со него: прво, ќе се анулира паралелизмот на надлежностите на многу министерства, со што ќе се обезбеди функционалност и одговорност, второ, ќе се (дис)лоцираат надлежностите во соодветните министерства, со што ќе се рационализира и ефектуира нивната работа (Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, Министерство за економија и труд, Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, Министерство за социјална политика, демографија и млади, Министерство за култура и туризам); трето, ќе се институционализираат нашите стратешки приоритети преку формирање соодветни министерства: (Министерство за европски прашања, Министерство за дигитална трансформација) и четврто, ќе се подигне нивото на општествената грижа за физичкото и менталното здравје на нацијата (Министерство за спорт), велат од нејзиниот Кабинет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од 16 пораснаа на 20: Кои се нови министерства, а кои се реорганизираат
Фото: Кабинет на претседателката