еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сиљановска Давкова и делегација од Македонија, на чествување на Св. Кирил и Методиј во Рим

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска ја посети базиликата Санта Марија Маџоре во Рим, по повод чествувањето на Св.Кирил и Методиј.

„Особено е значајно за нас, оти тоа е местото каде што светите браќа ја носат глаголицата и каде што за прв пат се одобрени словенските богослужбени книги.

Положив венец пред спомен-плочата на македонски јазик, поставена во сеќавање на големите дела на светите браќа Кирил и Методиј, втемелувачите на словенската писменост, духовност и култура.

Оддадов почит и на гробот на Неговата светост, папата Франциск чијашто мудрост, скромност и посветеност на мирот, остави траен белег во срцата на луѓето ширум светот,“ се вели на фејсбук-профилот на Сиљановска Давкова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски на прославата за Свети Кирил и Методиј, повика на единство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поранешниот министер Миле Јанакиески и уште седум лица добија притвор од 30 дена

Редакција

Унгарскиот парламент го одби предлогот да се гласа за членството на Шведска во НАТО

Редакција

Кумулативната инциденца во Куманово над 110, расте и во Скопје, Прилеп и Струга

Редакција