Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова од вчера е во Њујорк, САД, каде ја предводи македонската делегација за учеството на 79. Генерално Собрание на Обединетите Нации (ОН).
Со неа се и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.
Сиљановска Давкова е предвидено на Собранието да се обрати во четврток.
Предвидено е претседателката да оствари средба и со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
Фото: Кабинет на претседателката
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.