еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

„Скопје вибрира“ поп-ап изложба на дизајн и визуелни уметности

„Лабораториум„ и „Лаб дизајн маркет“ ја покануваат скопската публика на настанот „Скопје вибрира“ поп-ап изложба на дизајн и визуелни уметности.

Во изложбата ќе учествуваат млади и досега релативно непознати имиња во сферата на дизајнот, рачните изработки и визуелните ументости, за кои градот Скопје има битно значење и е тема и инспирација во нивната работа.

Настанот ќе им даде можност за презенатција на новите таленти и ќе даде увид во тоа што значи градот Скопје за една генерација креативци која го почнуваат нивниот професионален пат во полето на креативните индустрии, современата уметност и перформативните уметности.

„Скопје вибрира“ е повеќедневен настан во организација на културниот центар „Лабораториум“ лоциран во индустриската хала на поранешната печатница на НИП „Нова Македонија“ и покрај поп ап изложбата ќе понуди музичка, филмска, забавна програма и пријатна освежувачка атмосфера со мени од коктели и други пијалоци инспирирани од култни локации во Скопје.

Во топлите летни денови кога градот обично замира и се празни, организаторите решија да понудат содржина што ќе го збогати културниот и социјалниот живот и ќе покаже дека Скопје живее и во лето, вибрира и неизбежно нѐ потсетува на земјотресот од 1963 година и на тоа дека новите почетоци се секогаш можни.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Свети Николе го има најголемото велигденско јајце во земјава: Високо е три метри

Редакција

Евроамбасадорот Гир е во Собрание, ја следи седницата за „францускиот предлог“

Редакција

(ВИДЕО) 38-годишен тетовчанец, татко на две деца се излечил од Ковид-19, но не го преживеа пожарот во ковид-центарот

Редакција