Сопругот на Бијонсе Ноулс, Шон Кори Картер, познат како Џеј Зи е обвинет дека заедно со неговиот колега, раперот, Шон Диди Комбс, силувале 13 годишно девојче.
Наводното силување се случило во 2000 година по шоуто на доделувањето на музичките видео награди на MTV, на забава на Комбс, кој е во притвор неколку месеци поради обвиненија за силување, трговија со луѓе…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Девојката тврди дека на забавата ѝ понудиле пијалок по што ѝ се „свртило во глава и требало да легне“ и отишла во својата соба да се одмори. Набргу потоа, Комбс и Џеј Зи влегле во собата и Комбс рекол: „Подготвен си за забава“. Потоа, тврди таа во тужбата, Џеј Зи се соблекол, ја држел надолу и ја силувал додека Комбс и една славна личност гледале. Таа тврди дека Комбс исто така ја силувал додека Џеј Зи гледал.
Џеј Зи обвинувањата ги нарече „идиотски“ и го обвини адвокатот на девојката за непрофесионално однесување.
„Овие обвиненија се толку грозоморни што барам од вас да поднесете кривична пријава, а не граѓанска. Секој што би направил вакво кривично дело против малолетник нека биде затворен, не се согласувате?, изјави меѓудругото Џеј Зи за американската телевизија NBC.
Адвокатот на девојката, Тони Базби, поднесе неколку тужби за силување и злоупотреба против Диди во последните месеци. Ова е прва тужба во која се споменува друго име.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судењето на раперот Диди ќе почне во мај следната година
(Видео) Интернет преплавен со вознемирувачки снимки со Џастин Бибер и Диди
Фото: Принт скрин