Од Жито Полог АД Тетово преку Македонска берза информираат дека акционерот, друштвото за трговија и услуги Нефроплус ДООЕЛ Скопје се стекнал во сопственост со 2.875 обични акции со право на глас издадени од Жито Полог и сега поседува вкупно 13.990 обични акции, што претставува 24,98% од вкупниот број на издадени акции на Друштвото.
Акционерот, друштво за градежништво, трговија и услуги, Софија градба ДООЕЛ Скопје пак продаде 2.875 обични акции со право на глас издадени од Жито Полог и повеќе не поседува акции во Друштвото, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Орка холдинг излезе од Жито Полог, Тони Јосифовски и Сашо Босилков купија акции на Друштвото
Жито Полог во првото полугодие во загуба
Орка холдинг продаде 11.115 акции во Жито Полог, ги купи Нефроплус медикал