еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Срцето на Иле не издржа, вели Таравари за починатиот возач на Брза помош во Кочани

Министерот за здравство Арбен Таравари се огласи по повод смртта на возачот на Итната медицинска помош од Кочани, Иле Гоцевски, кој почина во сон, по напорениот работен ден, пренесувајќи повредени од пожарот во дискотеката.

ПОВРАЗНИ ВЕСТИ

Кочани го потресе нова трагедија: Почина возач на Брза Помош, по напорниот работен ден вчера легнал и не се разбудил

„Утрово нè напушти уште едно срце, возачот на Итната медицинска помош од Кочани, Иле Гоцевски, човек кој беше на првата линија на оваа страшна трагедија, човек кој одговори на повикот за спасување, но неговото сопствено срце не издржа. Некои болки се преголеми. Некои загуби се премногу тешки за да се носат.

Ова не е само трагедија. Ова е рана што ја носи целиот народ. Тагата за 59. млади животи згаснати во пожарот во Кочани се чувствува во секој дом, на секоја улица, во секое срце. Денес плачеме како едно. Никој не може да остане имун на ваква загуба.

Во овие моменти, кога зборовите не се доволни, се поклонуваме пред сите лекари, медицински лица и спасувачи кои без двоумење ги вложуваат своите животи за да спасат туѓи. Оваа трагедија уште еднаш ни покажа дека нивната работа не е само професија, тоа е жртва, тоа е храброст, тоа е човечност.

Нека почива во мир нашиот медицински херој. Нека почиваат во мир младите чии соништа згаснаа прерано. Никогаш повеќе да не доживееме ваква сурова реалност,“ напиша Таравари на Фејсбук.

ПОВРАЗНИ ВЕСТИ

(Видео) Демолирано кафуле на сопственикот на т.н. дискотека и каменувана зградата на Општината Кочани

(Видео) Цел свет во Кочани, по трагедијата во која загинаа најмалку 59 лица

(Видео+фото) Протест во Кочани: На неколку лица им се слоши

Фото/Фејсбук/Гласот на Кочани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

АХВ: Мандарините од Турција се безбедни за јадење

Редакција

Денеска и контра-Парада на гордоста во Битола

Редакција

Мон Блан е за 2,22 метри понизок од пред две години

Редакција