еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Студено и врнежливо време неделава, раст на температурите се очекува за престојниот викенд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, особено претпладне со повремени врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со ретки грмежи.

На повисоките планини ќе има појава на снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец (над 70 km/h) најизразен долж Повардарието.

Попладне облачноста ќе се намали. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.

Во Скопје времето претпладне ќе биде со повремен дожд. Преку денот ќе дува умерен до повремено засилен ветер од северен правец, а облачноста попладне ќе се намали. Максималната температура ќе достигне 15 степени.

Во текот на неделата ќе се задржи облачно и врнежливо време, пораст на температурите се очекува за викенд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заболени од коронавирусот во Македонија уште 40 здравствени работници, излекувани 197

Редакција

Антикорупциска отвори предмет за Артан Груби

Редакција

Халкбанк го зголеми капиталот за нови 30 милиони евра

Редакција