еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

На 30. јули ќе започне судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Судењето за убиството и киднапирањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, ќе започне на 30. јули.

Согласно АКМИС системот, судија на овој случај ќе биде Ивица Стефановски, кој работел и на предметот „Монструм“.

Обвинети се четири лица, меѓу кои е и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.

Другите се Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, кои се обвинети за убиство и две кривични дела – грабнување, а таткото на Вања е обвинет за грабнување на неговата ќерка.

Постапката пак против првоосомничениот за двојното убиство, Љупчо Палевски Палчо е сè уште во фаза на обвинителска истрага и за него се уште нема обвинение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се обвинетите за убиството и грабнувањето на Вања и Панче

За што е обвинет таткото на Вања, на кого ќе му се суди за нејзиното грабнување

На таткото на Вања ќе му се суди за грабнување, приговорите на обвинетите одбиени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

23 лица од Сингелиќ кои протестираа за време на полициски час ќе треба да платат над 80.000 евра

Редакција

Откриени пропусти во лекувањето на петгодишното девојче на Детската клиника, кое почина од воспаление на мозокот

Редакција

Линдон Бериша: Тој беше горд на Ерзана, сега сестра му е горда на него

Силвана Жежова