еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Судија од Тетово си поправал оценки од факултет за да се запише на Академијата за судии и јавни обвинители, тој негира

Судија во Основниот суд во Тетово си поправал оценки од факултет за да се запише на Академијата за судии и јавни обвинители, соопшти Државната комисија за спречување корупција (ДКСК).

Од ДКСК велат дека во дипломата за завршени студии по право на Тетовскиот универзитет судијата имал просек 7,88, а во пријавата за упис на Академијата имал просек 8,20, минимум просек кој е потребен за упис.

Ова го открил Државниот просветен инспекторат, кој по налог на ДКСК, ја проверил документацијата на сите досегашни кандидати кои биле примени и дипломирале на Академијата.

Инспекторатот открил дека судијата си поправил три оценки со пречкртување, информираа од ДКСК.

Телма објави дека станува збор за судијата Ељведин Ферати, кој за телевизијата негира дека си ги поправал оценките.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 15 април, епидемиската крива бележи пад: Според исходот од заболувањето, 68,7% се водат како оздравени

Редакција

Лекот ремдесивир одобрен во ЕУ, следен чекор е да се даде зелено светло за употреба

Редакција

Облачно и студено време со повремен дожд и утре, од сабота стабилизација и пораст на температурата

Редакција