еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Таравари може да обжали, но од формално-правен аспект јас сум претседател на АА, вели Села

Старо-новиот претседател на владејачката Алијанса за Албанците (АА), Зијадин Села денеска на прес-конференција и официјално потврди дека Основниот суд во Тетово во „битката“ со Арбен Таравари, кој себе си исто така се смета за претседател, пресудил во негова корист.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судот му ги даде печатите на АА на Зијадин Села

Судот откако партијата се подели на две крила требаше да одлучи кој има право на печатите, а со тоа и кој може да ја води.

За Села со оваа одлука на Судот е јасно кој е претставник на АА.

„Вистина е дека печатите кои ја претставуваат партијата е само една симболика, но од друга страна е многу важна. Овој момент е еден од алатките на нашите противници за Алијансата за Албанците да остане без никакво политичко решение во оваа ситуација, кога веќе сме влезени длабоко во изборниот процес и Алијансата за Албанците да не биде претставена како што треба и да не учествува во оваа политичка трка,“ рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таравари ќе се жали на одлуката на Судот кој му ги даде печатите на Села

За најавите дека Таравари ќе ја обжали одлуката на судот, Села нагласи дека секој има право да обжали.

„Значи, не се работи за спор помеѓу мене и Таравари, туку се работи за одлука на Конгрес кој е документиран со документи и потписи во Основниот суд во Тетово и таа одлука се уважува. Сега негово право е да обжали одлука на суд.

Такво право има секој делегат на Конгресот и секој член на партијата и мислам дека тој не само сега, туку требаше да биде претпазлив да не го злоупотреби печатот на партијата и неговиот потпис уште кога имаше одлука на Конгрес, а тоа право постои од правен аспект. Од формален правен аспект Алијанса за Албанците припаѓа на членството на партијата, а претседател на Алијанса за Албанците сум јас,“ рече Села.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таравари и Села нема што да делат, Алијанса за Албанците нема имот, има само две канцеларии под кирија

Кавгата на Таравари и Села стигна на суд: Чива ќе биде Алијансата за Албанците

Фото: Села/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре се воведува делумна забрана за движење во шуми и шумско земјиште

Редакција

(Фото) Вицепремиерот Маричиќ и министерката Тренчевска на Парадата на гордоста

Редакција

Советникот на Стејт департментот Шоле не ја донесе „Црната листа“

Редакција