еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Таравари ќе се жали на одлуката на Судот кој му ги даде печатите на Села

Јавната „битка“ во владејачката Алијанса за Албанците (АА) продолжува. Од крилото на старо-новиот претседател на партијата, Зијадин Села, соопштија дека Основниот суд во Тетово одлучил печатите да ги добие Села, со што тој официјално е претседател на партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судот му ги даде печатите на АА на Зијадин Села

Од крилото на Арбен Таравари, кој исто така себе си се смета за претседател на партијата, пак велат дека до нив не стигнала таква потврда, а на социјалните мрежи се огласи и Таравари.

Тој најави дека доколку одлуката е конечна, ќе ја обжали.

„Ако е точно ќе се жалиме, но дури и ако ги земат со заробениот систем што го имаат, имам прашање… што е со народот?! Народот не може да го освои со ниту еден суд! Промената започна и нема печат што ќе ја запира!“, напиша Таравари на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таравари и Села нема што да делат, Алијанса за Албанците нема имот, има само две канцеларии под кирија

Кавгата на Таравари и Села стигна на суд: Чива ќе биде Алијансата за Албанците

Фото: Таравари/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По пишувањето на еМагазин: Народниот правобранител отвори предмет за провизијата на Македонски телеком

Редакција

Димитров деновиве очекува засилен ангажман од португалското претседателство за одржување на првата меѓувладина конференција

Редакција

Владата бара од сите функционери во своите биографии наместо Македонија да напишат Северна Македонија

Редакција