еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Телма: Делото за кое се гонат напаѓачите на М-НАВ е меѓународно кривично дело

Нападот во државното акционерско друштво, Македонска навигација (М-НАВ), за кој се осомничени осум лица, меѓу кои и функционерот на владејачката ДУИ, Беким Незири, кој работи како советник во Друштвото, останува во фокусот на јавноста и по разрешувањето на двајца од тројцата директори таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Хекуран Асани, предлог на Владата за нов директор на М-НАВ

Кој е Милан Кораќ, предлог на Владата за нов секторски директор во М-НАВ

Четири лица се уште се недостапни за органите на прогон, а другите четири, меѓу кои е и Незири, наместо притвор, како што бараше Основното јавно обвинителство Скопје, добија мерки на претпазливост, што предизвика лавина од негативни реакции во јавноста и на социјалните мрежи.

Обвинителство за оваа одлука на судиите од Кривичниот суд Скопје, поднесе жалба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Оваа брука надалеку ќе одекне„: Твитер реакции за неодредувањето на притвор за функционерот на ДУИ, Незири, и другите лица кои упаднаа во Контрола на летање

Сите тие не се осомничени и за тероризам, туку само за нарушување на безбедноста на воздушниот сообраќај.

Телевизијата Телма објави дека делото за кое се гонат овие лица е меѓународно кривично дело.

Кривичното дело по член 303, став 2 е ставено во Кривичниот законик (КЗ) на крајот на декември 2015 година. Членот е согласно меѓународните обврски на Македонија, произлезени од Конвенцијата за сузбивање на незаконски дејства против безбедноста на цивилната воздушна пловидба потпишана во Монтреал на 24. февруари 1988 година, објави телевизијата.

„За да се изврши усогласување со Протокол за сузбивање незаконски дејства на насилство на аеродроми, кои се користат за меѓународна цивилна воздушна пловидба, како надополнување на Конвенцијата за сузбивање незаконски дејства против безбедноста на цивилната воздушна пловидба се предлага нов став 2 со кој се инкриминираат дејствијата со кои се загрозува безбедноста на аеродром за меѓународна цивилна авијација, уреди или авион кој не е во употреба или со кои се попречуваат услугите на аеродром“, се вели во образложението за измена на КЗ, а истата е изгласана на собраниска седница на 22. декември во 2015 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто нападнатиот во М-НАВ сакал да ја напушти државата?

И поранешен фудбалер кој е во бегство меѓу напаѓачите во М-НАВ

Телма: Кривичен го „искасапи“ законскиот став за да на напаѓачите на М-НАВ не им одреди притвор

Фото: М-НАВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За инцидентите на протестот за „Монструм“, на разговoр се повикани 14 лица

Редакција

Во Куманово 9 новозаболени со Ковид-19, во Липково еден

Редакција

Филипче не очекува нов силен ковид-бран

Редакција