еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Титан Усје – добитник на национална награда за најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа

Висока посветеност на добросостојбата на вработените и континуирано надградување на системот за безбедност и здравје во работата, е еден од приоритетите на Титан УСЈЕ. Добрата пракса на компанијата, денес беше наградена со највисокото признание во областа – Национална награда за најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа во 2024 година, информираат од таму.

Титан УСЈЕ е една од добитничките на оваа награда и тоа во категоријата компании до 250 вработени.

Доделувањето на наградата се одржа на настан во организација на Министерството економија и труд, Советот за безбедност и здравје при работа и фондацијата „Фридрих Еберт“ во Скопје во рамките на Европската недела за безбедност и здравје при работа, која годинава се одбележува од 21 до 25. октомври.

Главна цел на настанот е подигнување на свеста за значењето на безбедноста на работниците и нивното здравје на работните места.

Титан УСЈЕ реализира низа активности чија цел е создавање на безбедна и здрава работна средина, а компанијата како членка на Титан групацијата во континуитет се стреми кон имплементација на најдобрите практики во областа.

-Во компанијата постојано се врши евалуација и се анализираат сите активности, а преку ваквиот пристап дополнително се намалува можноста за евентуални ризици. Вработените во текот на годината поминуваат обуки за заштита и безбедност при работа, а се преземаат и дополнителни мерки, како постојана едукација, лекарски прегледи за вработените и слично, велат од таму.

На настанот Валерија Миланова, менаџер за здравје и безбедност во Титан Усје го презентираше моделот „CMS Контрактор менаџмент систем и дигитализација“ во рамките на панелот „Безбедна и здрава работа во ера на дигитализација – пример на добри практики“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Разговорот со роботот Ема „нов хит“ на српскиот претседател Вучиќ

Редакција

Стефан Миленковиќ и „Профундис“ најавија спектакулен концерт утревечер во Филхармонија

Редакција

40-годишен маж и 64-годишна жена загинаа во сообраќајката кај Штип: Детали од МВР

Редакција