еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Традицијата за поддршка на инклузивноста продолжува: Стопанска банка сонува и го менува општеството на подобро

Долгогодишните заложби на Стопанска банка АД-Скопје за промоција на инклузијата на лицата со пречки во развојот во сите општествени сфери преку конкретни проекти со кои се подобруваат условите за учење, социјализација и развој, продолжуваат и оваа година со исто темпо.

Поддршката на инклузивните проекти е значаен дел од корпоративната култура на Стопанска банка преку долгогодишната кампања „Сонуваме.Менуваме“, која на крајот од оваа година ќе се заокружи со музичко-театарскиот спектакл „Необичен ден“ во кој главните ликови се омилените јунаци од „5+ Фамилија“ заедно со деца со попреченост.

Претставата „Необичен ден“ ќе се прикажува на 29 декември во Македонскиот народен театар од 18 и 20 часот, токму на денот кога Стопанска банка го прославува својот јубилеен 80. роденден.

Прикажувањето на музичко-театарскиот спектакл е заокружување на годинешната јубилејна кампања ДОМА, со која Стопанска банка преку многубројни активности во текот на целата година ги одбележа изминатите осум децении успешна работа и континуирана поддршка на заедницата.

Билетите за „Необичен ден“ наскоро ќе бидат пуштени во продажба на билетарницата на МНТ, а претставите ќе продолжат со прикажување и во јануари 2025 година.

Зад овој спектакл стои Стопанска банка во соработка со ОXО продукција, при што на сцената ќе се појават популарните ликови од „5+ Фамилија“, Лина, Петко, детективот Цветко, Џими, Лука, Цвајнштајн, Алек, Лиз и Мира и нивните другарчиња со попреченост.

Актерите на сцената, на која сите се рамноправни и еднакво придонесуваат за нејзината успешност, преку игра и песна уште еднаш ќе ја пренесат пораката дека е потребно сите заеднички да работиме на менување на јавната свест за потребата од инклузија, со што ќе создадеме свет без предрасуди во кој сите сме еднакви.

Ова е шесто издание на кампањата „Сонуваме.Менуваме“, која низ годините прерасна во платформа која вистински го менува светот на подобро преку конкретни проекти. За таа цел, Стопанска банка и годинава распиша јавен повик за доделување грантови на асоцијациите на лица со посебни потреби за реализација на проекти со кои се подобруваат условите во заедницата во која тие учат и живеат.

Станува збор за проекти кои опфаќаат поголем број деца со попреченост, кои овозможуваат континуирана работа со нив преку нови едукативни, инклузивни или физиотерапевтски методи или пак овозможуваат нивна поголема слобода при движењето и извршувањето на секојдневните активности. Преку платформата „Сонуваме.Менуваме“, во оваа и претходните години Стопанска банка ќе има инвестирани над 115.000 евра за реализација на повеќе од 60 проекти од големо значење за асоцијациите.

Асоцијациите кои сѐ уште не се пријавиле за грант имаат можност да аплицираат до 20 декември 2024 (петок), на мејл адресата [email protected] со назнака „Предлог проект за грант: Сонуваме.Менуваме 2024“. Пријавените проекти, како и во минатите години, ги оценува посебна комисија од Стопанска банка, а Банката ќе ги објави добитниците на грантови на 29 декември 2024 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Смртоносни предизвици на „Тик-Ток“, родители отворете ги очите

Редакција

Индустриското производство во јули со пад од 5%

Редакција

Османи до Димитров: Со Бугарија имаме политички моментум, нефер е истиот да се загрозува

Редакција