Поттикнати од постојаните предизвици при адаптирање на новите интернет трендови со кои се соочуваат едукаторите, СмартАП – Лабораторија за социјални иновации го креираше првиот „Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“.
Едукацијата за безбедност на интернет претставува континуиран процес на учење и надоградување. Подготвен од одбрана група експерти во областа, новиот „Тренинг за сајбер безбедност на едукатори“ е кериран со цел да се создадат системски решенија и механизми за справување со интернет заканите.
Тренингот првенствено е наменет за еудкаторите и стручните соработници, но преку дополнителните ресурси понудени во рамки на модулите на овој курс, знаењата и вештините индиректно се пренесуваат и до учениците, а преку нив и до родителите. Опфаќањето на важниот и често посочуваниот комуникациски триаголник: наставник-ученик-родител го прави курсот релевантен и сестран.
Со цел директно запознавање на едукаторите со содржината на курсот, овој четврток, на 25 април, со почеток во 18ч., тимот на СмартАП – Лабораторија за социјални иновации, ќе го одржи првиот ЕДУЛАБ-вебинар Промоција на „Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“.
Основите на интернет безбедноста, нејзините принципи и видови измами, начини за справување со нив, како и создавањето, управувањето и одржувањето безбеден интернет идентитет и безбедното споделување информации и фотографии на интернет, се соржините што ќе бидат опфатени на овој ЕдуЛаб-вебинар.
Учеството на вебинарот е бесплатно, со задолжителна регистрација преку следниот линк.
Работниот јазик на овој вебинар е македонски, со симултано толкување на албански јазик.
Линк за регистрација преку ZOOM: tinyurl.com.