еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

ТФА Елит доаѓа во Македонија во потрага по фудбалски таленти

ТФА Елит пристигнува во Македонија и професионалниот фудбалски клуб од Дубаи ќе организира дводневни проби за млади и талентирани играчи кои ќе добијат можност да се стекнат со професионален договор и уникатна шанса да ја започнат или продолжат кариерата во Обединетите Арапски Емирати.

„Посветеноста на владата на ОАЕ да вложува во развојот на спортот и посебно во фудбалот е за пофалба и почит. Исклучителната можност да се натпреваруваат играчи од цел свет во лигата го збогатува квалитетот на фудбалот, но истовремено, овозможува и фудбалери од различни позадини да ги остварат нивните соништа“, изјави Али Ел Џиши, спортскиот директор на ТФА Елит.

Пробите ќе се одржат на 4 и 5. август на градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, а експедицијата предводена од спортскиот директор, Али Ел Џиши веќе го најави настанот на кој ќе бидат избрани минимум еден, а најмногу тројца играчи кои ќе добијат шанса да се здобијат со професионален договор во метрополата на ОАЕ.

Имено, младите и талентирани фудбалери кои ќе ги импресионираат тренерите и скаутите на пробите во Прилеп и ќе бидат прогласени за победници, ќе отпатуваат во Дубаи на 30 дневна проба каде доколку ги задоволат очекувањата на тренерите и стручниот тим на ТФА Елит ќе добијат професионален договор со клубот во пресрет на новата сезона.

Клубот досега успешно организираше проби во Етиопија, Јужна Африка, Пакистан и Малезија кои вродија со плод, а следниот месец ќе се одржат проби во Унгарија пред доаѓањето во Македонија.

Пријавувањето за пробите во Прилеп е веќе започнато и заинтересираните играчи може да се пријават, купат билет и дознаат повеќе информации на следниот линк.

ТФА Елит се натпреварува во четвртата фудбалска лига на Обединетите Арапски Емирати која е единствената професионална фудбалска лига во светот што дозволува дури 23 странски играчи да настапуваат за еден клуб. Минатата сезона екипата ја предводеше поранешниот фудбалер на Ливерпул, Болтон, Њукасл и сегашен тренер, Дени Гатри што доволно говори за амбициозниот проект на ТФА Елит чија главна цел е развивање и промоција на млади фудбалери.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во скопски Бутел со експлозив се обиделе да ограбат банкомат

Редакција

Нема кој да купи: Непродадени 5.340 нови станови, а се градат уште 11.322

Редакција

Поради енормното загадување: Бесплатен градски превоз од денеска во Скопје и двојно поскап паркинг

Редакција