Утре во Грција, кога се навршуваат две години од железничката несреќа кај Темпи во која при судар на патнички и товарен воз загинаа 57 лица, претежно млади, се закажани дури 345 протести на 243 различни локации.
Како што пренесуваат грчките медиуми, земјата буквално ќе биде парализирана.
Нема да функционира бродскиот, авионскиот, железничкиот и речиси целиот јавен сообраќај, нема да работат продавници, ресторани, таверни, кафулиња, ноќни клубови, театри…
Очекувањата се дека протестите ќе бидат историски по масовноста, а централните се во Солун и Атина.
На протест излегуваат и најголемите грчки синдикати на вработените и во државниот сектор и во приватниот сектор, адвокати, фармацевти, лекари, студенти, ученици, просветни работници…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По нов доказ за железничката несреќа кај Темпи, денеска масовни протести низ Грција