еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Џафери локалните избори ќе ги распише на 6 август

Претседателот на Собранието, Талат Џафери локалните избори ќе ги распише на 6 август, а ќе се одржат согласно законскиот термин на 17 октомври, годинава.  

-Согласно законските норми, односно член 16 од Изборниот законик мандатот на градоначалници и советници трае четири години, а имајќи предвид дека претходните избори беа на 15 октомври 2017 година, фактички од 15 до 18 октомври се исполнува четири години мандат на градоначалниците и советниците и тој мандатот според Уставот и Законот не може да се продолжи, освен во вонредна или воена состојба.

Мандатот може да биде пократок, но не и да се зголеми. Имајќи предвид дека повеќе од половината од градоначалниците во вториот круг се здобиле со мандат или конкретно 46 општини вклучувајќи го и Градот Скопје, тоа значи фактички дека преку половината до 18 октомври ги исполнуваат условите за четири години мандат.

Имајќи предвид дека се редовни избори од распишувањето до денот на гласањето треба да се обезбеди минимум 70 дена, а максимум 90 дена и во тој период настапуваат обврските на Државната изборна комисија која треба да го направи Роковникот за спроведување на изборните активности, правејќи ја таа математика, 6 август е крајниот рок кога ќе бидат распишани локалните избори и од тој момент започнуваат изборните рокови за засегнатите страни, рече Џафери.  

Во однос на измените на Изборниот законик, спикерот Џафери на денешната средба со новинарите, не сакаше да прецизира дали ќе бидат донесени пред годишниот одмор на пратениците којшто започнува на 1 август. Напомена дека матичната Комисија за политички систем треба да ги заврши амандманите. Голем дел од поднесените амандамни кои се околу над 700, се формално уредни, додаде Џафери.

Тој нагласи дека денеска се прават сите анализи за незавршените обврски кои треба да се дозавршат, за што ќе има координација. Ако има потреба, можно е Собранието да работи и утре.

Со седниците ќе продолжат по одморот, кога ќе работат по преостанатите незавршени седници. Нова седница ќе биде закажана на 13 или 14 септември.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Потпретседателот на Српската листа, Радоичиќ во целост ја презеде одговорноста за инцидентот во Бањска во Косово

Редакција

(Фото) Бугарската агенција БГНЕС тврди дека сопругата на Мицкоски е „Бугарка“

Редакција

Боливија ги прекина дипломатските односи со Израел, ја обвини земјата за злосторства против човештвото

Редакција