еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Украинските преговарачки позиции со Русија сега се многу пореални, вели Зеленски

Украинскиот претседател Володомир Зеленски во нова видео порака ноќеска истакна дека нивните преговарачки позиции со Русија во конфликтот сега се многу пореални, пренесе ДПА.

Но, сепак, додаде тој, ќе биде потребно време пред Украина да биде задоволна.

– Сите сакаме мир и победа што е можно поскоро, рече претседателот во пораката и додаде дека се потребни труд и трпение.

Секоја војна завршува со договор, заклучи Зеленски, додавајќи дека „состаноците ќе продолжат“, додаде германската агенција.

Украинските и руските преговарачи претходните два дена имаа состаноци преку видео-конференциска врска.

ДПА потсетува дека советникот на украинскиот претседател, Михаило Подољак, вчеравечер изјави дека разговорите ќе продолжат и денеска.

Украина бара прекин на војната, повлекување на руските војници и безбедносни гаранции.

Москва, меѓу другото, бара Киев да го признае анектираниот црноморски полуостров Крим како руски, а сепаратистичките области на истокот на Украина како независни држави.

Зеленски вети дека руската агресивна војна ќе заврши со срам, сиромаштија и долгогодишна изолација за Русија.

Тој по полноќ се обрати на Телеграм и ги покани сите пријатели на Украина да го посетат Киев, иако, како што рече, „тоа е опасно, бидејќи НАТО не прогласи зона на забранети летови над Украина“.

„Ги поканувам сите пријатели на Украина да го посетат Киев. Овде може да биде опасно, бидејќи нашето небо се уште не е затворено за руски проектили и авиони. Одлуката за зајакнување на нашиот арсенал во воздухот се уште не е донесена. Не добивме авиони.

Но, очите на сите луѓе во светот сега се вперени во нашиот главен град, во Украинците. Сите кои се сега со нас ќе почувствуваат благодарност. Не само од нас, туку и благодарност од другите народи“, објави Зеленски на Телеграм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вознемирувачки снимки од убиство на цивили во Украина

(Видео) Ужасот на војната во Мариупол снимен со дрон

МИА/Фото: Зеленски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фондот за здравство одбил да го покрие лекувањето на Леонид во Виена

Редакција

Дали ќе има посебна вакцина против Ковид-19 и за децата?

Редакција

Кои се најтргуваните акции на Македонската берза во декември лани

Редакција