еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Уште еден квартал со висок раст на приходите од продажба во фармацевтскиот сегмент на Реплек

Првиот квартал од 2025 година Реплек АД Скопје го заврши со раст на приходите од продажба во сегментот Фармација од 26%, во споредба со истиот период во 2024. Со ваквиот резултат, компанијата го надмина бизнис планот за овој период од тековната година за 2,5%, информираат од таму.

Од 1 јануари до 31. март 2025 година, Реплек АД реализираше приходи од продажба во фармацевтскиот сегмент во висина од 7,8 милиони евра, од кои 1,8 милиони евра отпаѓаат на домашниот и 6 милиони евра на странските пазари. Овие податоци покажуваат дека во споредба со првиот квартал лани, на домашниот пазар е остварен значителен раст од 61,4%, а на меѓународните пазари од 18,2%.

 „Горди сме на високиот раст во првиот квартал од 2025, кој е уште една потврда за континуитетот на исклучителните финансиски резултати и најава за уште една успешна година на нашата компанија.

Цврсто сме посветени на иновациите во фармацевтската индустрија и на проширувањето на производното портфолио, активно вложувајќи во технолошки напредок, оптимизација на производството и целосна дигитална трансформација.

Можам да најавам значителни новини во овој правец годинава, кои ќе донесат нова вредност за потрошувачите, за нашиот тим и за акционерите на Реплек, изјави Душан Пецовски, главен и извршен директор на Реплек АД.

Реплек останува посветен и на транспарентната и одговорна политика кон своите акционери. Во согласност со објавената Дивидендна политика, Управниот одбор на Реплек АД поднесе предлог-одлука за распределба на добивка, која ќе биде разгледана на претстојното собрание на акционери на 16 април 2025 година. Предлогот предвидува распределба на бруто дивиденда за финансиската 2024 година во износ од 400 денари по акција, што претставува зголемување од 33% во однос на дивидендата исплатена за 2023 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Една поинаква приказна од железничката трагедија во Грција за момчето Кипријан од Кипар

Редакција

Под истрага на САД се политичари, луѓе од правосудството и бизнимени од Македонија, вели амбасадорката Агелер

Редакција

Инфлацијата во мај порасна на 11,9%

Редакција