еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје го отвора вториот уписен рок за академската 2024/2025

Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје (ФВМС) ги отвора вратите за идни студенти кои сакаат да се приклучат на една од најблагородните професии – доктор по ветеринарна медицина, информираат од таму.

Вториот уписен рок ќе се одржи од 17 до 18. септември 2024 година.

Од Факултетот истакнаа дека ветеринарната медицина е клучна за благосостојбата на животните, луѓето и животната средина.

„Државата има потреба од млади луѓе кои по завршувањето на студиите ќе ги применат своите знаења во ветеринарната пракса, прехранбената индустрија, инспекциските служби и многу други сектори.

Факултетот нуди програма која ги следи најновите достигнувања во ветеринарната наука, а преку соработките со странски институции, студентите имаат можност за клиничка пракса и мобилност во странство,“ велат од ФВМС.

Студентката Тамара Танкоска, која е на петта година на студиите, ги охрабрува сите идни студенти да се запишат на ФВМС.

„На нашите идни колеги им посакувам да го дадат најдоброто од себе во изучувањето на ветеринарната медицина.

Низ истрајност и посветеност, можат да станат дел од малиот процент луѓе во светот кои ја изучуваат оваа посебна и несекојдневна наука. Ветеринарната медицина не е само професија, тоа е начин на живот кој бара постојано учење и усовршување“, вели Танкоска.

Таа истакнува дека студиите на ФВМС нудат извонредна комбинација од теоретско и практично знаење, кое се надградува преку клиничката пракса и можностите за соработка со професионалци од индустријата. „ФВМС не само што нуди солидна теоретска основа, туку и огромна практична поддршка преку клиничка работа“, додава таа.

Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје има квота до 50 места за студии на македонски јазик и до 15 места за студии на англиски јазик.

За повеќе информации за конкурсот и за пријавување, посетете го линкот за конкурсот: fvm.ukim.edu.mk.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед по општини: Чаир се уште рекордер по бројот на заразени од корона вирусот

Редакција

Графата „националност“ се брише од изводите во матичната книга на родени, одлучи Уставен

Редакција

Ангела Агелер положи заклетва како нова амбасадорка на САД во Македонија

Редакција