еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Автомобил удрил во мечка, полесно повредени децата кои се возеле и мечката

Доцна синоќа на локалниот пат Тетово – с. Непроштено патничко моторно возило удрило во млада мечка која го минувала патот заедно со една значително поголема мечка и уште две помали мечки, информираат од Центар за управување со кризи (ЦУК).

„Во возилото кое удрило во мечката се наоѓало локално семејство, татко, мајка и три мали деца. Од ударот децата се здобиле со лесни повреди.

Мечката во која удрило возилото била повредена, на почетокот безмалку неподвижна, а потоа со ограничени движења.

Околу еден час подоцна почнала да се движи и постепено се оддалечила од местото на несреќата.

Веднаш откако на бројот 112 е пријавено за сообраќајна несреќа во која е повредена мечка, ЦУК испрати известување до сите потенцијално надлежни институции, МВР, Државен инспекторат за шумарство и ловство, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министетство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Факултет за ветеринарна медицина при УКИМ, Ветеринарен институт, Агенција за храна и ветеринарство, Зоолошка градина Скопје, Националниот парк Шар Планина и Македонско еколошко друштво.

Екипи на МВР извршија увид и го обезбедија местото на несреќата,“ се вели во соопштението.

Фото: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Младен Чадиковски е новиот претседател на Здружението на новинари на Македонија

Редакција

Законот за Договорот од Преспа објавен во Службен весник на Грција, го потпиша и грчкиот претседател

Редакција

Томислав Крстевски предложен за член на НО на Реплек, поседува 300 акции во компанијата

Редакција