еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Бугарскиот премиер во Вашингтон најмногу разговарал со Мицкоски

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски, детално на социјалните мрежи информира за неговите средби и разговори во рамки на неговата посета на Вашингтон, САД и Самитот на НАТО, но не информираше дека разговарал и со техничкиот премиер на Бугарија, Димитар Главчев.

За нивната средба информираше Главчев, кој сподели и фотографија на социјалните мрежи, а и рече дека на Самитот најмногу разговарал со Мицкоски.

Главчев за бугарските медиуми изјави дека двајцата биле на исто мислење оти треба да се намалат тензиите и да се нормализираат билатералните односи меѓу двете држави.

„Разговаравме дека е потребно да се нормализираат меѓусебните односи, како и да се вратат на нивото од 2017 година, кога беше потпишан Договорот за добрососедство“, изјави Главчев, кој подвлече дека „може дури да се каже дека ние сме и повеќе од соседи со Република Северна Македонија. И двајцата бевме на тоа мислење, па ќе видиме што ќе се случи“.

Главчев на Мицкоски, како што пренесуваат бугарските медиуми, му посочил дека треба да се намалат и тензиите во изјавите на политичарите.

„Меѓу граѓаните и народите на двете соседни земји нема тензии, а политичарите ако не помагаат да се развиваат тие односи, не треба ни да ги попречуваат“, изјави Главчев.

За да се продлабочи соработката, според него, треба да почне да се развива и поврзувањето во транспортот и економијата.

На Мицкоски, му посочил и дека земјите кандидати за членство во Европската Унија мора да ги почитуваат барањата, што, според него, е став не само на Бугарија, туку и на Европската Унија

„Треба да се исполнат и обврските што се преземени. Тука не говорам само за Северна Македонија, туку и за сите земји од Западниот Балкан. Гледате дека не ги делиме. Нашата позиција е и европска позиција дека сите држави кандидати за членство во ЕУ треба да ги исполнат барањата што им се поставени“, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Мицкоски се запозна со Бајден и разговараше со премиерката на Италија

Македонија ќе продолжи да издвојува два проценти од БДП за модернизација на Армијата, најави Мицкоски на НАТО прославата

(Фото) Мицкоски до Орбан на групната фотографија од Самитот на НАТО

Фото: Фејсбук/Главчев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Ми фали Груевски како глумец: Дац и Митевски во „Еден на Еден“ кај Жаре

Редакција

По осумчасовна голгота на аеродром, Австралија не му издаде виза на Ѓоковиќ – денеска судење по жалбата

Редакција

Комерцијална банка стана газда на Еуроникел

Редакција