еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Германци со голема донација ги опремија кочанските пожарникари

Доброволното пожарникарско друштво од Кочани вчера ја прими најголемата донација во нивната кратка, но успешна историја на постоење, информираа од таму.

„По иницијатива на Германската амбасада во Скопје од пред еден месец во Областа Баварија започна голема хуманитарна помош за донација на ДПД Кочани. На истата се одзвале над 40 доброволни и професионални единици од оваа германска област. Притоа во овој период беа собрани големи количини на опрема.

Па така конвој од три возила со шест доброволни пожарникари од шест различни ДПД од Германија пристигна во Македонија и три дена беше во посета на Кочани. Едно од возилата, камион Ивеко Магерус остана во ДПД Кочани, како донација.

Покрај ова, беше врачена и голема количина на опрема. Поточно 25 палети, која поединечно една тежи над 200 килограми. Односно 3.000 парчиња најразлична опрема, како заштитни одела, шлемови, чизми, ракавици, друга облека, течност за гасење со пења, друга најразлична опрема, како и опрема за технички интервенции која што до сега ја немавме.

Германската делегација со пожарникари и претставници во амбасадата изврши официјално примопредавање за време на кое се обрати и до медиумите.

Делегацијата од Германија замина и пред местото на трагедијата во Кочани кое однесе 62 животи каде што со едно минутно молчење симболично одаде почит.

Со оваа донација од страна на Германија, инаку наш докажан партнер во годините наназад, само се продлабочи соработката и се зацврсти довербата. Уште еднаш на крај од оваа објава упатуваме најсискрена благодарност до Германија за пружената рака за помош,“ велат од ДПД Кочани.

Фото: ДПД Кочани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил судијата Наќе Георгиев, кој призна дека земал поткуп и се спогоди со Обвинителството

Редакција

Собирање во групи причина за нови кластери со заболени со коронавирусот во тетовскиот регион

Редакција

Комерцијална банка разгледува можност за присоединување на Стопанска банка Битола

Редакција