еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

(Фото) Денеска започна акцијата „Новогодишна кошница“ која опфаќа повеќе од 960 производи и ќе трае до 15 јануари

Денеска започна акцијата „Новогодишна кошница“ која до овој момент опфаќа повеќе од 960 производи и ќе трае од 15 декември до 15. јануари.

„Оваа акција е направена на иницијатива на бизнис-секторот, каде тие понудија производите кои сe понудени по пониски цени за граѓаните од најмалку 10 проценти.

Сите производи кои се опфатени со акцијата се обележани на рафтовите на маркетите со ознаката „Се грижиме! Помалку трошоци, повеќе за тебе“.

Во акцијата досега се приклучени над 90 производители и дистрибутери на производи, а производите од денес се достапни за граѓаните во 38 ланци на маркети,“ информираат од Министерство за економија.

Сите информации за акцијата, листата на производи и компаниите кои се дел од кошницата (производители, дистрибутери, маркети…) се објавуваат на интернет страната www.mojakosnica.mk.

Листата на производи не е затворена и сите заинтересирани можат да се пријават со свои производи на [email protected] .

„Апелираме компаниите доследно да ја почитуваат акцијата која што самите ја креираа, а доколку граѓаните имаат забелешки истите да ги пријават до Државниот пазарен инспекторат на бесплатниот телефонски број 191 или на веб страната www.dpi.gov.mk,“ се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

KAM маркетите намалија цени на производи дополнително од “Новогодишната кошница“, еве кои се

Фото: Министерство за економија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Невработеноста во четвртиот квартал лани 14%

Редакција

Двајца пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во изолација, но во четврток ќе дојдат во Собранието за гласањето за доверба на Владата

Редакција

(ВИДЕО) Со социјална дистанца: Грците не се откажаа од првомајските протести

Редакција