еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО ТОП СТОРИИ

(Фото) Историски ден за македонската култура: Албанија ѝ врати на Македонија 20 икони

Историски ден за македонската култура и вреднување на нашето заштитено културно богатство, Албанија ѝ врати на Македонија 20 икони.

„Го цениме и вреднуваме овој историски чин на враќање на дваесет икони кои им припаѓаат на македонските цркви и манастири.

Овој гест како израз на пријателството на двете влади е повеќе од политичка порака за почитување на преземените обврски како држави.

Ова е јасен сигнал за етичкиот и моралниот однос, како и вреднување на македонското заштитено културно богатство,“ напиша министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на нејзиниот Фејсбук-профил.

Таа информираше дека за овој успешен епилог на 10 годишното патешествие на македонските икони голем придонес имаат и работните групи, од македонска и од албанска страна.

„Им благодарам за професионалниот пристап на стручните лица од областа на заштитата, како и на албанските институции и служби кои ги запленија овие вредни дела.

Иконите ги очекува уште едно патување. Овој пат да се вратат онаму каде што припаѓаат и си тежат,“ додаде таа.

Фото: Министерство за култура

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во скопски Центар, Гази Баба, Лисиче, Ректорат и во Струмица два дена алармантно загадување

Редакција

Стружанката Мими Стојановска со велосипед помина 1.000 километри за 1000 години Бигорски манастир

Редакција

„Почивај во мир Туфи. Спиј мирно Билјана“: Реакции на Твитер за смртта на актерката Беличанец

Редакција