еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Влажен и студен бран за викендов, ќе се формира и снежна покривка

Под влијание на влажен и студен бран денеска и утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег, сопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Наместа врнежите ќе бидат пообилни, особено во јужните делови, каде локално ќе наврнат над 30 л/м2. На планините ќе се формира нова снежна покривка од 15 до 25 см, а на повисоките места од 10 до 15 см.

Долж Повардарието ќе врне дожд, освен во повисоките делови од котлините каде врнежите ќе бидат од снег. Локално ќе има појава на голомразица.

Ќе дува засилен северен ветер (и над 60 km/h).

Од недела времето ќе биде стабилно со ниска утринска температура и со пораст на дневната, освен по одделни котлини каде ќе има појава на магла и ќе се задржи студено преку целиот ден.

Во Скопје денеска и утре ќе биде облачно со врнежи од дожд, повремено пообилни. Во повисоките делови од котлината во текот на ноќва и утре врнежите ќе преминат во снег. Ќе дува засилен северен ветер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Македонија над 500 лица живеат со ХИВ, како се пренесува?

Редакција

25,1% од заразените со Ковид-19 во Македонија без симптоми

Редакција

Миле Јанакиески осуден на три и пол години затвор во случајот “Топлик”

Редакција