Групата ДНК од и за населба Аеродром го отвори новиот трговски центар во Скопје. Големиот број присутни гости ја следеа програмата под мотото „Аеродром пулсира“ каде освен ДНК, настапија Таско, Лара и Пајак и ДЈ Мац, а најмладите посетители се дружеа со Стела и Сани. Вечерта на отворањето променадата на комплексот беше преполна со посетители од целиот град кои уживаа во забавата.
Отворањето на овој трговски центар е од посебно значење, бидејќи на ѕидната површина на објектот е поставен најголемиот мурал во Југоисточна Европа. Се протега на 4.000 метри квадратни и е креиран од локални уметници за локалното население.
„Ова не е обичен трговски центар, туку ќе биде место каде ќе има разни содржини, од културни настани, преку интерактивни содржини. Муралот претставува симболика за убавината на оваа земја и овој град каде живеат луѓе од различни култури,“ изјави вчера на отворањето Хана Муминовиќ, директор за продажба и изнајмување во компанијата Турмак.
Во однос на брендовите ќе бидат застапени „Панчо“ за детска облека, „Луфиан“- облека за мажи, ги има првиот изложбен салон за автомобили на „Гили“, хипермаркетот Кит-Го, Синсеј, ДеФакто, ДМ, Сара Фешн, Просветно дело, Playground игротека за најмладите, Франк Урбан кафе и Бабилон кафе се дел од брендовите коишто Џевахир Мол Скопје ќе ги понуди за посетителите.
Џевахир Мол е биде домаќин и на првата „Concept Room“ галерија во трговски центар, простор наменет за творење и изложбена галерија за локалните уметници.
Со отворање на трговскиот центар, Џевахир целосно се заврши инвестицискиот потег Скај сити во овој дел на општина Аеродром, како комплекс со целосна содржина – станови, трговски и бизнис центар во една интегрирана средина. Висококатниците Скај Сити се највисоките кули во градот и едни од највисоките кули на Балканот.