еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Функционирање на системот „Безбеден град“ и законски измени, најави Мицкоски за дивеењето по улиците

Час поскоро системот „Безбеден град“ треба да биде инсталиран, да функционира и сите законски измени коишто се неопходни да бидат донесени, изјави премиерот Христијан Мицкоски по повод денешниот протест и револт на граѓаните, што уште еден живот згасна на улиците како резултат на несовесено дивеење и неказнување од страна на системот.

„Се надевам дека многу скоро од денеска, сето ова за којшто зборував ќе биде инсталирано, имплементирано и ќе спасуваме човечки животи, да не згаснуваат прерано како што згасна овој.

Еден од начините да се надмине сето ова е токму оној систем, којшто треба да детектира ваков тип на дивеење по булеварите и улиците. Не само во главниот град, туку и насекаде во државата.

И мислам дека, не мислам туку знам дека, Министерството за внатрешни работи, тоа како постапка го спроведува и наскоро, од денеска ќе имаме еден таков систем,“ рече Мицкоски.

Тој потенцираше дека средства за ваков систем се обезбедни, и тој треба да профункционира не само во градовите, туку и на клучните артерии, автопатски и експресни патишта коишто ја поврзуваат државата со соседните држави.

„Од она коешто сум информиран, е дека лицето, коешто го сторило инцидентот е приведено, е одредена мерка од 30 дневен притвор. И се надевам дека, овој како што вие го квалификувавте ваков судско- обвинителски систем, со доверба помала од 2 проценти кај граѓаните, конечно ќе се ослободи од партиските и други влијанија, и ќе суди и обвинува според закон, и навистина нема да прави, и нема да толерира, ваков тип на личности, коишто ако навреме не ги санкционирате гледате, што сѐ може да направат,“ додаде Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пијан поминал на црвено и удрил во Фросина Кулакова: Обвинителство со детали за сообраќајката во која загина 22-годишната девојка

(Видео+фото) Река од луѓе на протестот за Фросина Кулакова во Скопје

(Видео) Свеќите на Партизанска немо сведочат за згаснатиот живот на Фросина Кулакова

Фото: еМагазин.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 1 јули годинава патни исправи со Северна Македонија

Редакција

Жирито разделено со плексиглас: Забавната индустрија во Грција почна со работа

Редакција

Конечна детална листа: Кои се избраните градоначалници во првиот круг на локалните избори

Редакција