Македонија го има еден од најмладите учесници на Летните олимписки игри во Париз, Франција, 16-годишниот пливач Никола Ѓуретановиќ.
За тие што незнаат за да стигнеш до Олимпијада треба да исполниш олимписка норма. Не одлучи Македонија, туку некој друг од надвор.
Значи, скратено, голем успех е и тоа што си се квалификувал за да учестуваш на најголемото светско натпреварување.
Тоа што младиот Ѓуретановиќ, првиот македонски спортист кој настапи на Олимпијадата, заврши на 15. место, или како што милуваа да напишат мнозинството од порталите, последно место во квалификациите на 400 метри слободно, и за него заврши настапот на Олимпијадата, ама баш не е ништо страшно.
Неговото време како што велат тие што го познаваат доправа доаѓа, а како што и самиот кажа тремата и годините придонесоа да има послабо време за три стотинки од неговиот личен рекорд.
Друга тема, со која треба сериозно да се позанимава државата, е во какви услови тренира овој млад талент за да стигне дури до Олимпијада.
Тој и неговиот тренер најдобро си знаат.
Тоа е вистинската тема, за која треба да се “мрчи“ секој ден.
А, сега за хејтерите. Драги хејтери, може само да сонувате не само во овој живот, туку и во неколку наредни да постигнете на 16 години успех како што постигна Ѓуретановиќ.
За Ѓуретановиќ ич да не се секирате, нема дилема, за него допрва ќе слушаме.
А сонот за многу поголем успех нема да му го скршите!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Запознајте ги судиите од Македонија кои ќе судат на Летните олимиски игри во Париз
Фото: МОК