еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

И ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе тужби до Управниот суд, бара од ДИК рачно да ги преброи гласовите

ВМРО-ДПМНЕ смета дека со одлуката на Државната изборна комисија (ДИК) да ги одбие поднесените приговорите и да издаде Решение со таква одлука му штети на изборниот резултат постигнат на предвремените парламентарни избори и со тоа се нанесува штета на севкупниот изборен процес, но и врз угледот на Република Македонија, соопштуваат од партијата.

„Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе тужби до Управниот суд по Решенијата од ДИК.

ВМРО-ДПМНЕ поднесе два суштински приговори до ДИК во однос на барање на физичко пребројување на гласачките ливчиња од сите 3.480 избирачки места во државата, заради утврдување на точен и конечен резултат од предвремените парламентарни избори од 13, 14 и 15 јули, како и во делот на свесната кампања со наведување на гласачите за уништување на гласачко ливче.

Сметаме дека се прекршени, односно не се испочитувани ставовите од членот 135 од Изборниот законик, кои што се однесуваат на објавувањето на резултатите.

Резултатите објавени по електронски пат не се совпаѓаат со реалните резултати од записниците број 16, а од страна на ДИК беа објавени по законскиот рок од 12 часа за објавување на првичните резултати,“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица најави тужби до Управен суд, бидејќи ДИК ги отфрли нивните 1.982 приговори

„Никогаш северна, само Македонија“ поднесе кривична пријава до ОЈО против претседателот и членовите на ДИК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Народна банка: Можни индиректни последици од случувањата во Украина

Редакција

Осум лица се тестираат на корона вирусот, околу 200 се во домашна изолација

Редакција

Демократски сојуз бара расправа во Собранието за коридорите 8 и 10д и ревизија на досегашните трошоци

Редакција